„Жал ми е што луѓето се убедени дека ова е добра храна“: Коментaр од луѓе чија вечера во ресторан на Салт Бае ги чинела околу 2 милиони денари

Точка

18/08/2022

17:00

24.423

Големина на фонт

а а а

Еден оброк кај популарниот готвач Нусрет Гокче чини колку купување на убав стан за живеење.

Нусрет Гокче стана популарен на сoцијалните мрежи каде промовира специфична храна која ја подготвува и начинот на којшто истата се служи.

Многу од познатите личности како и луѓе кои можат да си го дозволат тоа, имале голема желба да ја пробаат храната од неговиот ресторан.

Тој стана познат во 2017 година, а поради своите способности многу брзо станал ценет и баран во целиот свет.

Највпечатливиот дел од неговиот перформанс е начинот на којшто ја посолува храната.

Нусрет има цел ланец на стек-хаус ресторани во неколку турски градови, но и во Њујорк, Дубаи, Миконос, а ги служел ѕвездите како што се Антонио Бандерас, Томи Хилфигер, Ашер, Андреа Бочели, Ал Пачино, Марк Валберг и многу други.

Минатата година тој отворил ресторан во Лондон којшто се нашол на удар на критики поради лошата услуга, невкусната храна и енормно високите цени. Некои од гостите добиле сметка од 37.000 фунти, односно околу 2 милиони денари.

Еден разочаран гостин напишал:

„Суво, суво, суво. Невкусно. Очигледно, Салт Бае штеди на солта – како и на сите други видови вкус. Тој е лажго на социјалните мрежи. Жал ми е за луѓето кои се убедени дека ова е вкусна храна“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг