Овие 4 видови зеленчук најмногу придонесуваат за здравјето на црниот дроб

Точка

18/08/2022

15:36

16.192

Големина на фонт

а а а

Функцијата на црниот дроб, помеѓу останатото, е и чистење на организмот од токсини, помош при варењето, складирање на витамини и минерали како и синтеза на протеини.

Овој многу важен орган има уникатна способност да се регенерира по оштетувањето, но сепак не е неуништлив, а изборот на храна и пијалаци значајно влијае на неговото здравје.

Постојат многу намирници богати со хранливи супстанци кои благотворно делуваат на црниот дроб, а една особено важна група на намирници е зеленчукот.

Цвекло

Иако на некои им смета неговиот по малку земјен вкус, цвеклото е преполно со хранливи материи кои одлично влијаат на здравјето на црниот дроб. Истражувањата покажуваат дека сокот од цвекло спречува болести, помагајќи му на овој орган да ги извршува своите функции.

Моменталните податоци укажуваат на тоа дека одредени антиоксиданти кои се наоѓаат во цвеклото, наречени беталаини, имаат антиканцерогени и антивоспалителни својства.


Брокула

Специфичните хранливи материи кои се наоѓаат во зеленчукот како брокула се посебно корисни за здравјето на црниот дроб. Брокулата може да се јаде сирова или зготвена, може да биде додаток на разни јадења од тестенини или салати, а може да се послужи и како прилог.

Прокељ

Прокељот во последните неколку години стана многу популарен, а за тоа постои добра причина.

Освен што може да ја подобри дигестијата и да обезбеди големи количини витамини и минерали, прокељот содржи и растителни соединенија кои ја подобруваат работата на црниот дроб.


Лиснат зеленчук

Оваа група зеленчук вклучува кељ, спанаќ, блитва и зелена салата, зеленчуци кои се преполни со антиоксиданти кои го штитат телото од опасните слободни радикали.

Неодамнешна студија открила дека консумирањето сиров спанаќ го намалува ризикот од неалкохолни масни болести на црниот дроб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг