[ВИДЕО] „Јас сум докторка по општа медицина и еве што им советувам на моите пациенти за оваа зима да не заболат од грип или настинка - едноставно е и достапно за секого“

Точка

12/11/2026

14:19

887

Големина на фонт

а а а

Иако студеното време само по себе не предизвикува болест, неколку фактори во текот на зимските месеци го олеснуваат ширењето на инфекции како настинката и грипот. Повеќето луѓе во сезоната на вируси се потпираат на вообичаените мерки: често миење на рацете, внесување витамин Ц и избегнување контакт со заболени лица.

Сепак, докторката по општа медицина, д-р Софи Њутн, на социјалните мрежи сподели три едноставни совети кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од настинка и грип.

„Еве три едноставни трикови кои би можеле да ви помогнат да избегнете болест оваа зима или побрзо да оздравите доколку се разболите“, порача д-р Њутн во своето видео.

Дишете низ нос, а не низ уста

Докторката истакнува дека дишењето низ нос има важна улога во заштитата на дишните патишта:

„Вашиот нос е одличен систем за филтрирање. Задржува дел од микроорганизмите што ги вдишувате, а воздухот го загрева и навлажнува пред да стигне до белите дробови. Затоа, стекнете навика да дишете низ нос, а не само низ уста“.

Чувајте го носот на топло

Студот сам по себе не предизвикува настинка или грип, но ниските температури можат да го поттикнат ширењето на вирусите што ги предизвикуваат овие заболувања:


„Чувајте го носот на топло. Не можете да настинете само затоа што ви е студено, но некои вируси што предизвикуваат настинка побрзо се размножуваат на пониски температури. Со загревање на носот можете да го забавите нивното размножување и да му помогнете на имунолошкиот систем да се справи со нив. Затоа, кога сте надвор, ставете го шалот преку носот и устата“, советува д-р Њутн.

Исплакнете го носот со солен раствор при првите знаци на настинка

Доколку ги почувствувате првите симптоми на настинка, докторката советува да реагирате без одложување:

„Како трето, обидете се да го исплакнете носот со солен раствор веднаш штом почувствувате дека ве фаќа настинка“.


Испирањето на носот помага во отстранувањето на слузта, алергените и надразнувачките материи, а може да ја ублажи затнатоста и течењето на носот. Комплетите за испирање се достапни во аптеките, специјализираните продавници и на интернет.

„Докажано е дека тоа може да помогне вирусите побрзо да се отстранат од носот и на тој начин да се забрза закрепнувањето. Тоа се три мали нешта што вреди да ги направите оваа зима“, заклучи д-р Њутн.