Финската премиерка во „дива“ акција: Младата политичарка под баражен оган поради приватно видео

Точка

18/08/2022

12:40

8.105

Големина на фонт

а а а

36-годишната финска премиерка Сана Марин се најде на удар на медиумите откако беше објавено видео од нејзиното „лудо“ забавување со пријателите.

Младата премиерка на Финска, чија земја неодамна дојде на радар на светските медиуми кога беше ратификувано барањето за членство во НАТО, се најде на удар на жестоки критики откако беше објавено нејзино приватно видео.

На снимката која се прошири на социјалните мрежи се гледа како Марин заводливо танцува во друштво на пријателите, а видеото за кратко време наиде на голем одек.

Поголемиот дел од коментарите се негативни - премиерката се осудува што премногу време поминува на забави, а премалку занимавајќи се со државните проблеми.

„Финска се соочува со рекордни цени на струјата, недостаток на здравствена нега и професионалци за нега на возрасни, а еве како нашата лидерка го поминува времето“, пишува во еден од многубројните твитови.

Од друга страна, премиерката се чини дека не се обѕира на негативните коментари, бидејќи во изјава откако излезе видеото порачала дека „сака да покаже дека на функциите се обични луѓе со обични животи“.

„Имам семеен живот, имам работа и имам слободно време кое го поминувам со пријателите. Како и многу луѓе на мои години“, изјавила Сана Марин.

Таа ги отфрлила шпекулациите дека на забавата се користела дрога.

„Не се дрогирав, ниту користев било што друго освен алкохол. Танцував, пеев, се забавував, правев потполно легални работи. Исто така, не забележав други така да се однесуваат (да користат дрога)“, додала Марин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг