Детското игралиште во Жданец е целосно реновирано со нови реквизити, заштитна мрежа и нови клупи, со цел подобрување на безбедноста и урбаната функционалност за децата и граѓаните.
Детското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење. Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето.

Реновирање и уредување
„Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови.

Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавното место е заедничка одговорност.

Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите“.













