Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

11/09/2026

08:50

95

Големина на фонт

а а а

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат политиката на Венко Филипче и СДС, обвинувајќи ги дека ја мразат Македонија и лажеле во врска со прославата на 35-годишнината од независноста. Истакнуваат дека аферата била измислена и дека вистинските факти покажуваат дека прославата била законска и нема причина за одговорност.

„Очигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија. Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата. Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче и СДС со денови ја лажеа јавноста, создаваа афери таму каде што ги нема и преку своите контролирани пера организираа хајка против луѓе и уметници. Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат.

Но оваа измислена афера откри нешто многу поголемо – на Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја.

Затоа нивната политика сè повеќе се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех треба да биде омаловажен, секоја прослава да биде претворена во скандал, а секој човек кој не се вклопува во нивниот наратив да биде изложен на организирана хајка.

Особено лицемерно е однесувањето на Филипче. Во едната половина од денот измислува борба против некаква негова измислена „српска свест“, а во другата половина застанува во одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство. Денес едно, утре друго – единствениот принцип е политичката корист.

Тоа не е политика на принципи, туку политика на конфузија, двојни стандарди и немоќ. И токму затоа Филипче толку лесно самиот се препознава кога ќе се спомене талогот. Не затоа што некој го посочил, туку затоа што политиката на лаги, конструкции, хајки и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место.

Фактите победија, лагите паднаа. А талогот, колку и да е гласен, на крајот секогаш останува на дното“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.