Студија потврдува: Две шолји од ова овошје дневно го продолжуваат животот на луѓето

Точка

16/08/2022

12:45

15.134

Големина на фонт

а а а

Следниот пат кога ќе посакате свежо овошје, можеби треба да земете малку грозје.

Не само што е вкусно, туку може да ви помогне да живеете подолго, покажало новото истражување.

Во студијата која неодамна ја објавил магазинот „Foods“, кога околу две шолји грозје биле додадени во дневната исхрана која вклучува голема количина храна со висока содржина на масти, тоа резултирало со помали проблеми со мастен црн дроб, го зголемило нивото на антиоксидативен ген и го продолжува животниот век.


Иако субјектите на студиите биле глувци, а не луѓе, д-р Џон Пекуто којшто бил дел од тимот од Универзитетот Западна Нова Англија кој ја спровел студијата, проценил дека лицата веројатно би можеле да уживаат во животот којшто би можел да биде четири или пет години подолг доколку почнат редовно да јадат грозје.

Ова ќе им даде повеќе причини на луѓето да се фокусираат на инклузивна разновидна храна.

Што се однесува до тоа зошто грозјето е толку здраво, експертите напоменуваат дека „содржината на антиоксиданти го прави грозјето антифламаторно по природа“.

Се споменува дека грозјето има разни антиоксиданти, вклучувајќи ресвератрол, катехин, кверцетин и антоцијанини.

Иако тие имиња можеби не им значат ништо на поголем дел од луѓето, факт е дека грозјето има повеќе антиоксиданти кои во комбинација со урамнотежена исхрана ќе помогнат во борбата против слободните радикали, ќе го намалат оксидативниот стрес и ќе создадат антиоксиданти.


Се наведува дека грозјето исто така е здраво поради тоа што содржи фитонутриенти кои исто така имаат антифламаторни и антиоксидантски својства, помагајќи вашите клетки и ДНК да бидат здрави што на крај резултира и со ваше подобро здравје, пренесува „Eat This Not That“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг