Убавата ќерка на легендарниот кошаркар од својот татко го наследила талентот за спорт, а сега ја споредуваат со него и поради друга интересна причина

Точка

11/08/2022

22:00

5.145

Големина на фонт

а а а

Тринити Родман е ќерка на Денис Родман и Мишел Мојер и професионална фудбалерка, а овие денови ги полни порталите поради интересна споредба со својот татко.

Ќерката на кошаркарот Денис Родман, 20-годишната Тринити Родман, е млада надеж на женскиот американски професионален фудбал и напаѓач на актуелниот шампион "WWSL" лигата Вашингтон Спирит и оваа година прогласена за почетник на годината.


Љубовта кон спортот и талентот ги наследила од својот татко, но изгледа ја разгледува и можноста за копирање на неговиот ексцентричен стил.



Имено, Тринити овие денови ги полни порталите поради објавите на Инстаграм, каде фановите ги прашала дали да ја повтори легендарната "леопард" фризура на својот татко, со што предизвикала бројни реакции.


На Инстаграм профилот "Just Women Sports" дури и ја фотошопирале со косата на нејзиниот татко, а во коментарите сите се согласиле дека навистина треба да го направи тој потег, но и дека без тоа изгледа како својот татко.


Денис Тринити ја добил со поранешната сопруга Мишел Мојер, со која бил во брак од 2003-та до 2012-та година. Со фудбал почнала да се занимава на 4 години и отсекогаш покажувала посебен талент.


Освен Тринити, Родман ја има и 34-годишната ќерка Алексис и 21-годишниот син Денис Помладиот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг