Признал дека е Албанец, го прогласиле за терорист, му го одзеле имотот и го протерале од државата: Фудбалската легенда вози такси за да преживее!

Точка

25/04/2024

20:39

34.084

Големина на фонт

а а а

Легендарниот фудбалер, Хакан Шукур, некогашниот освојувач на третото место на Светското првенство и неговата тешка животна приказна со години ја интригираат пошироката јавност ширум светот.

Центарфорот кој во текот на својата богата кариера, играјќи за Сакариспорт, Бурса, Галатасарај, Торино, Интер, Парма и Блекбурн, освоил голем број трофеи, а најголемиот историски успех го постигнал со турската репрезентација која во 2002 година на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја го освоила третото место.


Откако ги „закачил копачките на клин“ не останал во фудбалот за да се испроба во теренската кариера, наместо тоа, започнал политичка кариера и станал дел од владејачката партија на Реџеп Таип Ердоган.

Токму поради актуелниот претседател на Република Турција, Шуќур со години веќе живее далеку од својата земја.

Неговите проблеми започнале во 2013 година, набргу откако на јавноста ѝ соопштил дека е Албанец.

„Пред сè, важно е да се зачува единството на нашата земја. Без разлика на културните и верските разлики кои постојат. Еве … Јас сум Албанец, не Турчин, но јас сум роден овде и максимално ја почитувам оваа земја“, зборувал тој своевремено.

Набргу потоа тој ја напуштил владејачката партија.


„Фрлаа со камења по бутикот на мојата жена, ми ги малтретираа децата на училиште. Морав да заминам. Откако заминав, го уапсија татко ми. Во затвор се разболе од канцер. Поради тоа го пуштија, па сега е во куќен притвор. Мајка ми, таа исто така боледува од рак. Секој кој е поврзан со мене има безброј проблеми во животот.“


По напуштањето на партијата на Ердоган, тој го поддржал Фетула Ѓулен, а зборувал и јавно против претседателот, поради што практично бил принуден да избега од Турција.

Во 2016 година го прогласиле за „член на вооружена терористичка група“, му се заканувале со затвор и му го конфискувале целиот имот, а новиот живот во САД го започнал речиси без ништо.

Во Америка најпрвин служел храна и пијалаци во ресторани а во последно време работи како таксист.


„Возам за Uber, јас сум таксист. Дa, и продавам книги повремено. Јас сум непријател на погрешната политика, која нè одделува од западната цивилизација. Тие политичари направиле многу злосторства и се плашат од сите оние кои ги потсетуваат на тие злосторства“ изјавил неодамна Шукур за германски „Билд“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг