Дејан Кулушевски вчера го прослави 24-тиот роденден, а за истиот го доби најдобриот подарок од својата сопруга.
Шведскиот репрезентативец со македонско потекло официјално потврди дека станал татко и ја објави првата фотографија од новиот член на семејството на Инстаграм.
Кулушевски и неговата сопруга Елдина објавија дека очекуваат дете во декември, откако претходно фудбалерот на Тотенхем најави такво нешто со прославата на гол со ставање на топката под дресот.