Ерик тен Хаг се насочи кон Коди Гакпо

Макфакс

09/08/2022

19:33

1.659

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед продолжува со очајната потрага по напаѓач и сега од „Олд Трафорд“ размислуваат за трансфер на Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен, пренесуваат медиумите на Островот. Гакпо минатата сезона забележа 12 гола и имаше 13 асистенции во првенството на Холандија, а неговите квалитети му се добро познати на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, кој до пред само два месеци беше на чело на Ајакс.

„Црвените ѓаволи“ активно бараат уште еден напаѓач, кој ќе биде конкуренција на Кристијано Роналдо, чија иднина останува нејасна иако изгледа е сè поверојатно дека ќе остане на „Олд Трафорд“ и на Антони Марсијал, кој допрва треба да импресионира откако минатата сезона беше и на позајмица.

Последните денови активно се зборуваше за интерес за 33-годишниот Марко Арнаутовиќ, но Болоња веќе ја одби понудата и децидни се дека не сакаат да се разделат со играчот.

Очекувањата се дека во наредните денови „црвените ѓаволи“ ќе успеат да ја завршат зделката за ангажман на Адриен Рабио од Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг