Дали е добро да спиете со вклучен клима уред или вентилатор?

Точка

06/08/2022

17:10

13.912

Големина на фонт

а а а

За време на високите летни температури, веројатно едвај чекате да влезете во разладена просторија, а веројатно користите клима и дома и на работа.

Експертот Марк Редик, еден од авторите на книгата „Советник за спиење“, вели дека користењето на клима уред не е најдобрата можна опција додека спиеме. Според неговите зборови, тоа може да биде лошо за оние кои страдаат од астма. Истото важи и за користење на вентилатор додека спиете.

„На многумина вентилаторите, особено оние таванските, им помагаат да заспијат, но тоа воопшто не е добро бидејќи може да предизвика алергиски напад и суви очи“, вели тој.


Ова, секако, се однесува и за користење на клима уред во текот на ноќта, па советот на Редик е добро да ја разладите просторијата пред спиење, а потоа да ја исклучите климата или да ја оставите вклучена во друга просторија.

Редик потсетува дека, покрај алергиските напади и проблемите со суви очи, може да се појават и други проблеми како што се вкочанетост и болки во грбот.

Секако важно е и редовното чистење на клима уредите и вентилаторите, а една од работите на која предупредува овој експерт е сувата кожа како последица на постојаното користење на клима уредите.

„Кога тој воздух дува долго и често, кожата се суши. Лосионите и кремите ќе помогнат, но не ако тоа стане навика во текот на целото лето“, објаснува Редик.