(Видео) Во Прешево вонредна состојба поради пожар, видлив е од Куманово

Точка

05/08/2022

23:14

3.489

Големина на фонт

а а а

Во Прешево во соседна Србија денеска е прогласена вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотиште Горња и Доља Шошаја поради пожарот кој избувна во попладневните часови.

Според извештаите, населението не е загрозено, но загрозени се животните кои живеат во околината на пожарот.

Zjarri ka kapluar kodrën mbi fshatin Corrotic, bashkesia lokale apelon per ndihme ne fikjen e Zjarrit

Posted by rtvpresheva.com on Friday, 5 August 2022

Под закана е зимзелената шума, популарно место за излет на жителите. Како што дознава српски Курир, Координативното тело за Прешево, Бујановац и Медвеѓа е во постојан контакт со МУП и состојбата се следи. Како што јавува дописникот на РТС од терен, во близина на локацијата каде беснее пожарот има стари ненаселени згради.

Пожарот во околината на Прешево е видлив и во Куманово.




Спонзорирани линкови

Маркетинг