Брус Ли или Силвестер Сталоне?: Новиот споменик посветен на Марадона личи на сè освен на легендарниот фудбалер

Точка

03/08/2022

20:28

4.501

Големина на фонт

а а а

Диего Марадона е еден од најголемите фудбалери во историјата, а како таков му се посветени многу споменици.

Последниот е поставен во Валенсија, претставен во пресрет на финалето на „COTIF“, турнир за играчи до 20 години, во кој младата аргентинска репрезентација со 2:0 ја победи екипата на академијата на Валенсија.

Автор на скулптурата е шпанскиот уметник Рафаел Фери, а ја откри претседателот на Аргентинскиот фудбалски сојуз, Клаудио Тапија. Со оглед на дискутабилната сличност на вистинскиот Марадона и оној претставен на скулптурата, на социјалните мрежи се шират забавни коментари.

Имено, луѓето наведуваат дека скулптурата повеќе потсетува на Силвестер Сталоне или Брус Ли, па дури и на неуспешната реставрација на портретот на Исус Христос на шпанскиот уметник од 2012 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг