Холивудската заводничка се соблече во новиот филм кој веќе ги руши рекордите на гледаност...

Точка

03/08/2022

23:27

13.853

Големина на фонт

а а а

Кејти Холмс се соблече во дел од сцените во новиот филм „Alone Together“, по го покажа своето тело во долна облека.

Кејти во филмот којшто го носи насловот „Alone Together“ го покажа своето тело во долна облека, а дејството се одвива во Њујорк за време на пандемијата на Ковид-19.

На Кејти во филмот ѝ прави друштво Џим Стерџес којшто ја толкува улогата на човек со кој мора да го дели однапред резервираното сместување, а интересно е тоа што се случува со нивниот заеднички живот понатаму во филмот.

Филмот беше премиерно прикажан пред крајот на јули, а веќе има добри оцени кај филмските критичари, но и кај публиката.

Освен во кариерата, на Кејти ѝ цветаат рози и во приватниот живот, па така пред неколку месеци ја официјализираше својата врска со музичарот Боби Вотен. Новиот пар бил снимен како страсно се бакнува, но и во романтична прошетка во парк.


Пред Боби, Кејти беше во врска со угостителот Емилио Витоло. Витоло имал вереница и тајно се гледал со Кејти, а кога во јавноста протекла аферата за нив и кога испливале нивни фотографии, тој ја напуштил вереницата по пат на СМС-порака.

Врската по која Кејти е најпозната сепак е онаа со Том Круз со којшто била и во брак од 2006 до 2012 година и со кој ја има ќерката Сури.

И, додека со својата мајка има прекрасен однос, Сури со татко ѝ Том нема никаква комуникација. Таа наводно не го видела него од 2012 година, откако се развел од Кејти.


Тој наводно на ќерка ѝ редовно ѝ испраќал писма кои нејзината мајка ги криела, но минатата година во јавноста протекла информацијата за тоа дека Сури ги нашла писмата во куќата на мајка ѝ во Охајо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг