Организаторите на фестивалот „Exit“ објавија дека фестивалот се враќа во Србија по победата на Студентската листа. Во јули 2027 година, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, ќе се одржи посебен „Exit“ настан.
„По тридневното славење на оваа историска победа (на српски начин!), пресреќни сме што можеме да потврдиме дека „Exit“ се враќа дома“, наведоа од организацијата на социјалните мрежи.
Тие потсетија дека отсекогаш зборувале оти „Exit“ ќе се врати кога слободата ќе се врати во земјата и дека, благодарение на храброста, одлучноста и истрајноста на српските студенти, тој момент конечно пристигнал.
Првичниот план бил враќање во 2028 година, бидејќи големото враќање какво што го замислуваат, бара најмалку 18 месеци подготовка.

„Но, нè преплавивте со љубов. Илјадници електронски пораки, пораки, коментари и медиумското внимание јасно покажаа една работа: едноставно не можете да чекате толку долго, а не можеме ни ние“, порачаа тие.
Поради тоа, иако големото враќање на „Exit“ е закажано за 2028 година, веќе следниот јули ќе се соберат на Тврдината за да ја прослават слободата, единството и љубовта со посебен „Exit“ настан, чии детали ќе ги објават наскоро.

„Го слушнавме вашиот повик. И се враќаме дома“, заклучија од „Exit“.
„Exit“ годинава, за првпат по 26 години, не се одржа на Петроварадинската тврдина. Организаторите како причина ги наведоа политичките притисоци поради поддршката на студентските протести, а фестивалот наместо тоа тргна на глобална турнеја.









