(Видео) Испливаа снимки од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон како се забавуваат пред да станат кралски пар

Точка

02/08/2022

13:04

13.042

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа ТикТок кружи видео од кралскиот пар, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, пред да ја озаконат својата љубов, а на истото се гледа дека тие потполно уживале во младоста пред да им се посветат на кралските обврски.

Иако војводата и војвотката од Кембриџ и денес се многу опуштен пар и секогаш се подготвени да истражуваат и испробуваат нови нешта, сепак тие мора да го следат кралскиот протокол и правилата кои не им дозволуваат да се однесуваат како што сакаат.

Видеото од Вилијам и Кејт прикажува фотографии од двајцата како уживаат, танцувајќи во ноќен клуб, а папараците ги фатиле и по излегувањето од клубот во, веројатно, алкохолизирана состојба додека влегуваат во автомобилот.

Многумина под видеото коментирале дека се изненадени и среќни поради нивната поврзаност и љубовта која трае веќе со години.

„Мислев дека никогаш не се забавувале...“, напишал еден корисник.

„Прекрасни се заедно!“, „Секогаш опуштени и кул“, пишувале други.


За потсетување, кралскиот пар се запознал во 2002 година додека и двајцата студирале на Универзитетот Сент Ендрјус во Шкотска. Вилијам и Кејт беа 5 години во врска, а потоа накратко раскинаа во 2007 година.

Меѓутоа, судбината и љубовта повторно ги спои, па Вилијам ја запроси Кејт во 2010 година, а една година подоцна имаа кралска венчавка.

Парот има 3 деца – Џорџ, Шарлот и Луис, а на многумина им се омилениот кралски пар и ги гледаат како вистински престолонаследници на англиската круна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг