Ова е најскапиот "Golf II" на светот

Точка

07/07/2022

15:34

33.826

Големина на фонт

а а а

Примерокот на "Golf II" од оваа приказна е специјална верзија која моментално се продава за неверојатни 93.600 евра.

Кон крајот на 80-тите години поимот за "Голф" во тогашна Југославија бил дизел од "TAS", а во остатокот од Европа моделот "GTI" со 112 коњски сили. Ретки среќници можеле да уживаат во "Golf GTI 16v" со 139 коњски сили или во "G60" со проблематичен компресор и 160 коњски сили. На врвот на понудата бил егзотичниот "Golf Rallye" со погон на сите тркала, со четвртасти светла и 160 коњски сили. "Volswagen" со нив се обидел да влезе во Светскиот рели шампионат и да ја нападне "Lancia Delta Integrale", но тој обид неславно пропаднал. Сепак, "Rallye Golf" денеска е баран олдтајмер, а цените на совршено сочуваните или реставрирани примероци достигнуваат и до 30.000 евра.

Но, постои една егзотична верзија на "Голф двојка" на која ретко кој се сеќава. "Volkswagen" со "двојката" навистина отишол во екстреми. "Golf G60 Limited" имал дури 210 коњски сили, што и по денешни стандарди е многу во компактна класа. И забрзувањето до 100 км/ч за околу 6 секунди било блиску до нивото на тогашните суперавтомобили, наведува "Jutarnji.hr".

За разлика до "Golf Rallye", но и обичниот "GTI", овој имал попристоен надворешен дизајн со обични еднократни кружни предни светла и без премногу дополнителни спојлери: единственото нешто што ги откривало способностите на овој автомобил била двојната издувна цевка, предниот различен браник, специјалните бандажи и мала сина плочка со натпис "Volkswagen Motorsport" од напред и од позади. По се друго овој автомобил изгледал речиси идентично како и моделот од "TAS".

Токму таа комбинација од пристоен изглед и голема сила го направила овој автомобил многу ценет олдтајмер денес. Цената дополнително ја кренал фактот дека станува збор за модел произведен во ограничена серија од само 71 примерок.


Овие денови на сајтот на британскиот продавач на класични возила "4 Star Classics" во понудата се нашол и еден "Golf G60 Limited" од 1989-та година, попрецизно моделот со реден број 17. Автомобилот минал 108.900 километри, има нова боја и реставрирана внатрешност и изгледа како нов. Исто така, доработките на моторот се заслужни за тоа да вози и побрзо отколку кога бил нов. Цената на овој автомобил е неверојатни 79.995 фунти.

Колку е овој "Golf" вреден отсликува и споредбата со другите класични модели кои ги продава истиот продавач. "Golf II G60 Limited" така е поскап од "Mercedes 300 SL" од 1989-та, од легендарниот "Lotus Espirit", "Citroen CM" и "BMW M63 CSI".




Спонзорирани линкови

Маркетинг