Зошто афионовото масло треба да биде врвен приоритет во нашата исхрана?

Точка

01/07/2022

15:55

21.469

Големина на фонт

а а а

Нутриционистите препорачуваат ладно цедени масла поради позитивни бенефити кои тие ги носат по човековото здравје.

Тоа се природни масла исцедени од семето и наточени во шише. Меѓу себе се разликуваат по својот состав и нутритивните вредности. Од сите комерцијални масла присутни во регионот отскокнува афионовото масло. Иако малку подзаборавено, афионовото масло на големо се враќа во исхраната, и се повеќе освен храна претставува и лек. Го поттикнува природниот одбранбен механизам на организмот и делува позитивно на целокупното општо здравје. Ја ублажува кашлицата; делува како пилула за спиење; помага да се решат нервните тензии; ја зголемува заштитната функција во борбата против разни инфекции; го намалува ризикот од формирање и напредување на клетките на ракот; се смета за одличен лек за дијареа и дизентерија; грчеви и воспаленија.

Постојат историски податоци дека и античките спортисти 2000-4000 години ПНЕ го користеле афионовото масло за енергија кога мешајќи го со мед добивале експлозивна сила. Речиси и не постои масло кое има толку сензитивно влијание во историјата на човештвото како афионовото масло кое се користело и како лек во отсуство на други медицински препарати.


За среќа афионово масло се произведува и во земјава, и тоа високо квалитетно ладно цедено масло од афион добиен од радовишкиот крај.

Како да се консумира?

Најдобро е наутро, на гладно срце, да се испијат 20 мл. Сеако одлично оди и во комбинација со тестенини, компири, десерти и овошје, а и во салати.

Како помага?

Во исхраната, маслото од афион ги релаксира мускулите, ги зајакнува нервите, ја ублажува болката, ја зголемува концентрацијата и го зајакнува одбранбениот механизам на телото.

Може да се користи за елиминирање на несоницата - со консумирање лажичка масло од афион пред спиење, а помага и кај пациенти со астма и оние кои страдаат од хронична кашлица.

Исто така се користи за лекување на стомачни тегоби, додека последните истражувања покажуваат дека го забавува растот на туморот, бидејќи е богат со витамин Е, калциум и јаглехидрати, одличен во исхраната на спортистите како извор на енергија.


За кого е наменето?

Спортистите често консумираат мешавина од афион и мед за да ја зголемат физичката сила и наместо семиња, понекогаш е попрактично да се користи афионско масло. Иако афионот како растение содржи опиум, во ладно цеденото масло од афион нема наркотични својства. Можат да го консумираат и деца и возрасни, сите оние кои преферираат здрав и активен живот.

Ги штити коските!

Маслото од афион помага во развојот и заштитата на коските.

Поради термичкиот ефект, маслото од афион е многу популарно кај луѓе со слаба циркулација, синдром на настинки и реума.

Не е погодно за печење и пржење!

Загревањето на маслото предизвикува влошување на активните состојки, поради што маслото од афион не е погодно за печење и пржење.

Каде да го купите или нарачате?

Во БиоОил, во сите продавници за здрава храна или преку телефон 071 335 593.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг