На социјалните мрежи се споделува сцена од новиот филм на Марвел, сите ја коментираат оваа жена: „Дајте ѝ Оскар“

Точка

01/07/2022

09:57

13.474

Големина на фонт

а а а

Покрај Елизабет Олсен, Рејчел Мекадамс, Џон Красински и Бенедикт Камбербач, во филмот „Doctor Strange in the Multiverse of Madness“, една жена го привлече целото внимание појавувајќи се само во една сцена.

Речиси на почетокот на новиот филм гледачите воочиле жена, чиј идентитет сè уште не е потврден, како седи зад Стивен Стрејнџ (Бенедикт Камбербач) на венчавката на Кристин Палмер (Рејчел Мекадамс).

Додека Стрејнџ разговара со Ник Вест (Мајкл Стулбарг), на многумина вниманието им го привлекла статистката која била во тој кадар. Имено, жената се преправала дека разговара со некого вон камерата, а потоа гледала околу себе, правела гримаси и со сите сили се трудела да не погледне во камерата.

Овој исечок од филмот набрзо стана вирален на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат која е жената која, како што пишуваат, „ја имала изведбата на својот живот“.

Твитер е полн со шеги за оваа статистка.

„Агентот ѝ кажал дека ова е улогата на нејзиниот живот и таа дала сè од себе“, „Таа е ѕвезда“, „Дајте ѝ Оскар, го заслужи“, „Таа всушност е главниот лик“, „Нејзе ѝ треба сопствено „Disney+“ шоу“, гласат дел од коментарите.

Некои Твитерџии пишуваат дека станува збор за мајката на Камбербач, актерката Ванда Вентам, но тоа засега не е потврдено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг