Србинка со духовита порака до сите нетрпеливи возачи во Белград: „Само што седнав во автомобил, не свири...“

Точка

30/06/2022

16:28

14.397

Големина на фонт

а а а

Возењето автомобил може да биде вистинска уметност, но за возачите почетници и извор на стрес.

Честопати во сообраќајот можат да се сретнат немилосрдни возачи кои свират ако некој (според нив) не вози како што треба.

Една Србинка со желба малку да ги „омекне“ нервозните возачи кои постојано свират во сообраќајот, поставила интересна порака на задното стакло на својот автомобил.

„Само што седнав во автомобил, не свири, ќе испаничам, ќе ми изгаси автомобилот и потоа ништо не сме направиле“, гласи пораката на девојката.

Некои сметаат дека таа требало да научи како правилно се вози, но повеќето сепак ова го доживуваат како духовит и симпатичен гест и порачуваат дека е разбирлива тремата по положен возачки испит бидејќи во возењето е важно искуството, а тоа се стекнува само со текот на времето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг