Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на социјалните мрежи објави скандалозно видео на кое се гледа тензичната атмосфера во Собранието.
Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ, кој е и претседател на Комисијата за европски прашања, денеска дивееше во Собранието, пцуеше и со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците.
Во описот на видеото, пратеникот Лефков напиша:
„Вака се однесува претседателот на КЕП! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со „каубоите“ од власта!“.
Во видеото се гледа како доаѓа до расправија помеѓу него, како претседател на Комисијата и пратеници од опозицијата кои реагираат доаѓајќи пред претседателската маса, незадоволни од чинот на водење на седницата.
Адеми, станува, почнува да вика, па во еден момент дофаќа предмети и ги фрла кон дел од пратениците.
Погледнете го видеото: