Кој купил, купил: Оваа „мечка“ повеќе нема да се продава

Точка

27/06/2022

11:31

37.299

Големина на фонт

а а а

Германскиот произведувач на автомобили „Mercedes“ одлучил за три години сосема да го сопре производството на својата А класа, пишува „Handelsblat“.

Производството ќе биде прекинато од 2025-та година и ниедна варијанта на „А класа“ од тогаш повеќе нема да се произведува, јавуваат извори на весникот од концернот. Според понатамошното пишување, „Mercedes“ ќе оди и на сопирање на производството на „Б класа“.

Двата модели, како што се наведува, во компанијата се сметаат за нерентабилни. „Mercedes“ во мај најавил дека планира да се фокусира на луксузни класи, и дека сака да се продаваат повеќе „С Класа“ модели, но и „Maibach“ и „AMG“.

Кој ќе сака да купи „Mercedes“ во иднина, ќе мора да смета дека најевтините модели ќе чинат од 40.000 евра па нагоре.




Спонзорирани линкови

Маркетинг