Зошто ни се шират зениците кога гледаме во некој кој ни се допаѓа? Ова е објаснувањето за таа интересна појава

Точка

21/06/2022

14:43

14.060

Големина на фонт

а а а

Проширените зеници долго се сметаат дека се симбол на љубовта, но не постои ниту едно точно објаснување зошто тоа се случува.

Се случува кога гледаме во некој којшто ни се допаѓа, а тогаш зениците се шират и тоа не можеме да го контролираме.

Едно од објаснувањата е дека тоа е поврзано со допаминот. Допаминот е познат и како хормон на среќата затоа што предизвикува чувство кое поголем дел од луѓето го поврзуваат со задоволство. Заедно со допаминот, нашите очни мускули примаат сигнал од нашиот мозок којшто создава психолошка реакција – ширење на зениците.


Оваа „опојна“ мешавина од хемикалии предизвикува наплив на емоции и ширење на зениците кога гледате во некој којшто го сметаме за привлечен.

Некои истражувања покажале дека сметаме дека луѓето со поголеми зеници се попривлечни од оние со помали зеници, особено кога станува збор за маж којшто гледа жена.

Во текот на истражувањата мажите, жените со поголеми зеници кои ги виделе на фотографии ги нарекле „убави“.


Проширените зеници можат да бидат и знак на придвижување на нервниот систем поради допаминот, а не нужно зошто некого го сакате. Нашите очи природно се шират во овие ситуации и поради желбата да видиме нешто повеќе и да провериме што се случува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг