Според науката, оваа позната русокоса го има најубавото лице на светот – се согласувате ли?

Точка

21/06/2022

21:38

16.243

Големина на фонт

а а а

Научниците го кажаа своето, актерката Амбер Херд го има најубавото лице на светот.

Холивудската актерка Амбер Херд прогласена е за жена со најубаво лице на светот.

Како што пренесува „Indz100.com“, д-р Џулијан де Силва од Центарот за фацијална козметика и пластична хирургија од Лондон, користела техника мапирање на лицето за да открие која жена има најубави црти на своето лице.


Истражувањето го користело грчкиот златен однос на убавина од 1,618, инаку познат и како „фи“, т.е. формула со која се одредува што им пречи на совршените односи на цртите на лицето. Според оваа теорија, Амбер постигнала неверојатни 91,85 отсто.

Де Силва открила и дека Грците откриле дека тој однос се појавува насекаде во природата и дека илјадници години се сметало дека ја содржи тајната формула на најубавото лице на светот.


Така Амбер го зазела првото место по убавина поради тоа што нејзиното лице ги има најправилните црти.

Користејќи ја истата техника научниците докажале дека реалити ѕвездата Ким Кардашијан ги има најубавите веѓи.


Актерката Скарлет пак, прогласена е за жена со најубави очи на светот.


Додека пак според грчката формула атрактивната манекенка Емили Ратајковски ги има најубавите усни на светот.


Дали вие се согласувате со науката и дали Амбер Херд навистина го има најубавото лице?




Спонзорирани линкови

Маркетинг