"Internet Explorer" доби надгробна плоча во Јужна Кореја

Точка

16/06/2022

19:53

47.188

Големина на фонт

а а а

Откако "Microsoft" објавил дека ја гаси поддршката за "Internet Explorer" и го праќа во дигитална пензија, социјалните мрежи биле преплавени со спомени и досетки на сметка на овој пребарувач. Еден Јужнокореец бил толку емотивен поради оваа ситуација, па му кренал надгробен споменик на славниот интернет пребарувач.

Ерата на "Internet Explorer" е завршена. "Microsoft" ја прекина целосната поддршката за веб-пребарувачот на 15-ти јуни, спуштајќи ја завесата над 27-годишното наследство кое почнало во 1995-та година.

Веб пребарувачот прв пат бил објавен во 1995-та година како дел од пакетот додатоци "Plus!" за "Windows 95" . Го достигнал својот пик во 2003-та година, со околу 95 проценти удел во употребата. Но, со појавата на новите, конкурентски пребарувачи, неговата корисничка база опаднала во годините кои уследиле.

Оние кои користеле компјутери дома, во училиштата и канцелариите во текот на 90-тите години и раните 2000-ти, ќе имаат убави сеќавања од "Internet Explorer". За милиони ширум светот, пребарувачот служел како прва капија за излегување на светската мрежа.

Милиони луѓе го користеле пребарувачот секојдневно. Има голема база на обожаватели, бидејќи бил еден од првите пребарувачи кои ги користевме за пристап на интернет.

"Internet Explorer" бил најчесто користен пребарувач во земја како Јужна Кореја и Јапонија. Во Јужна Кореја повеќе се жали за пензионирањето отколку во било која друга земја, бидејќи "Internet Explorer" бил задолжителен за купување преку интернет или он-лајн банкарство до 2014-та година.

Еден верен фан на овој пребарувач одлучил да му оддаде почит и да му крене споменик на славниот пребарувач во градот Гјеонгџу.

„Беше добар алат за преземање на други пребарувачи“, стои во пораката на надгробната плоча.




Спонзорирани линкови

Маркетинг