Алабаковски си оди дома! Пејачот пуштен во домашен притвор

Точка

09/06/2022

19:02

4.921

Големина на фонт

а а а

Ламбе Алабаковски е пуштен во домашен притвор, пренесува „Телма“. По жалба на адвокатот, мерката притвор, Судскиот совет од Битолскиот Основен суд ја преиначи во куќен притвор.

Алабаковски, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“ денеска го напуштил одделението во затворот во Битола и бил спроведен во неговиот дом.

Пејачот е осомничен дека го предизвикал пожарот во бугарскиот културен клуб во саботата, кога изгоре влезната врата на објектот.

Апсењето на Алабаковски предизвика голем интерес во јавноста, но и бројни препукувања и поддршка на социјалните медиуми.

Вчера беше одржан протест во Битола со мотото „Слобода за Ламбе“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг