Жителите на една од најгусто населените земји на светот, Холандија, одлучија да покажат како крововите на зградите можат да се пренаменат, па така на една изградиле патека за пешаци која нуди бројни содржини и го сели животот во градот на нова височина.
Организацијата „Rooftop Days“ со седиште во Ротердам изградила пешачка патека која ги поврзува крововите на трговските центри во центарот на градот, сакајќи на тој начин да покаже како би можел градот урбанистички да се развива во иднина.
Членовите на организацијата се грижат за разни нешта, од одгледување на храна до складирање на вода, а со изградбата на пешачка патека на кров укажуваат како може да се пренамени неискористениот простор во најголемото европско поморско пристаниште.
„Сакаме луѓето да го испробаат и да видат каков одличен простор имаме над градот“, вели директорот на „Rooftop Days“, Леон ван Гест, истакнувајќи дека засега се „искористени само 3 отсто од целосниот потенцијал на рамните кровови во Ротердам“.
Портокаловата пешачка патека е долга околу 600 метри, а делницата на овој „воздушен мост“ го поврзува Светскиот трговски центар со една стоковна куќа на височина од 29,5 метри.
Покрај патеката која ќе биде отворена до 24-ти јуни, се наоѓаат помали соларни панели, уметнички галерии и платформи за слетување на дронови.
Доколку градските власти дадат зелено светло за ваквиот проект, во иднина организаторите ќе засадат и земјоделски култури и ќе изградат помали куќи од одржливи материјали.