Топ 5: „Google“ покажа во кои држави Европејците најмногу пребаруваат плажи

Точка

28/05/2022

14:58

35.838

Големина на фонт

а а а

Плажите во Грција се најпопуларни во Европа, освојувајќи ги патниците со својата кристално чиста вода, според наведеното истражување кое го објави „Holidu“, врз основа на „Google“ рангирањето.

„Holidu“ е онлајн пребарувач за изнајмување за одмор, а тие спровеле истражување за да се открие кои европски плажи мора да ги посетите ова лето.

Грција – 5,4 илјади „Google“ пребарувања месечно

Грција е најавена како најпопуларна европска земја за патници кои бараат плажи, со 5,4 илјади месечни пребарувања и 142 илјади хаштагови на Инстаграм.


Со толку острови, без оглед на тоа дали станува збор за Крит, Наксос или Микосон, сигурно ќе се најдат восхитувачки плажи со кристално, чисто море, пренесува „GTP“.

Италија е на второто место на листата, со исто 5,4 пребарувања на „Google“ месечно, но со 71 илјада хаштагови на Инстаграм.

Португалија се најде на третото место, па следат Франција и Ирска на четвртото, односно петтото место.


„Holidu“ ги зел предвид сите европски земји за ова истражување. Рангирањето било составено со користење на просечен број пребарувања на „Google“ во последните 12 месеци за секоја земја во комбинација со клучниот збор „плажа“.