Килијан Мбапе стави крај на сите информации, гласини, шпекулации околу неговата иднина и тоа со одлука да остане во Пари Сен Жермен уште најмалку три години.
Ваквиот негов потег беше големо изненадување за многумина пред се за луѓето, навивачите во Мадрид затоа што се некако водеше дека тој како слободен играч ќе потпише за најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.
Сепак на крај Реал остана со празни раце и останува да видиме дали Флорентино Перез има некој нов план затоа што и Ерлинг Халанд како алтернатива пропадна со оглед на тоа што Норвежанецот потпиша за Манчестер Сити.
Во таборот на „светците“ се премногу среќни поради одлуката на Мбапе, одлука за која единствено претходно знаел само еден играч Ашраф Хакими.
- Не бев изненаден од одлуката на Мбапе. Бевме уверени дека нема донесено одлука и дека тоа ќе биде во последен момент. Соблекувалната на ПСЖ дозна за одлуката на Мбапе половина час претходно. Само Хакими знаел претходно за истата.
- Официјално јас дознав за договорот половина час претходно. Дури и кога бевме блиски со него, не ја знаевме неговата конечна одлука. Ми кажа претседателот. Очигледно, за Реал Мадрид е разочарување што не го ангажираше Мбапе. Јас нема да дадам мое мислење. Одлуките се одлуки. За клубот, луѓето, француската лига, тоа е нешто што ќе биде од корист за сите, - вели тренерот Маурисио Покетино кој се надева оти ќе остане во ПСЖ.
- Претходно кажав дека 100 проценти сакам да останам. Денес велам 100 проценти овде. Имам уште една година од договорот. Предизвиците се тука и тоа го мотивира секој тренер. Секако дека сакам да продолжам, 100 проценти. ПСЖ е клуб со амбиции. Големото разочарување од елиминацијата од Лигата на шампионите е поради желбата на луѓето, - порача Аргентинецот.