Кога цела спортска јавност очекуваше конечна разрешница на трансферот кој се одолговлекува повеќе од една година, Килијан Мбапе реши да направи чекор назад, односно на крајот не ја прифати понудата од Реал Мадрид и го продолжи својот престој во Париз.
Мбапе потпиша нов тригодишен договор со „светците“ и ја изненади комплетната јавност со својата конечна одлука, вклучувајќи го и својот ценет и сакан сонародник Тјери Анри.
Легендарниот „Тити“ кој во последно време работи како консултант за „Амазон прајм“ ја коментираше неочекуваната одлука на Мбапе, но додека го правеше тоа, откри и една неверојатна и луда анегдота поврзана за значењето кое го има Килијан во Франција во овој момент.
– Мбапе е од огромна важност за францускиот фудбал. Да бидам искрен, мислев дека си заминува, но на крајот нешто го натера да го промени мислењето. Не знам што точно било, но сигурно се воделе длабоки разговори и нешто направило да се премисли.
– Верувајте, можев во живо да гледам кој се му се јави за да остане, не ми се веруваше кога видов дека му се јави и претседателот Макрон, вистинска лудост.
– Треба да бидеме среќни што реши да остане. Мбапе е од витално значење за ПСЖ, за Париз и за францускиот фудбал, – вели Анри во интервјуто за „Гол“.