Реал Мадрид договорил француски фудбалер за кој ќе плати 80 милиони евра

Дерби

25/05/2022

14:34

2.453

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид остана без Килијан Мбапе, но затоа ќе доведе друго значајно засилување од француското првенство.

Флорентино Перез го договорил трансферот на Орелиен Тшуамени од Монако, а за големиот потенцијал на францускиот фудбал ќе бидат исплатени дури 80 милиони евра.

Тшуамени е сериозна инвестиција на Реал, но потенцијалот на играчот за врска е толку голем и ветувачки што пренамената на дел од средствата наменети за платите на Мбапе во овој трансфер може да биде уште еден од клучните меркато потези на Перез.

За фудбалерот на Монако интерес покажуваа и ПСЖ и Ливерпул, а веројатно и многу други клубови, но „РМС Спорт“ тврди дека тој го избрал Реал Мадрид.

Тшуамени веќе дебитираше за сениорскиот национален тим и игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а во дресот на Монако постигна и 5 гола во текот на последната сезона.