Работи кои ги јадете секој ден, а постепено ви го уништуваат мозокот: Овие намирници го намалуваат помнењето и го зголемуваат ризикот од деменција

Точка

23/05/2022

14:47

18.417

Големина на фонт

а а а

Мозокот е еден од виталните органи и задолжен е за работата на секој органски систем, срцето и белите дробови, поради што е од клучна важност да го одржувате во оптимална состојба.

Тоа го подразбира и начинот на исхрана кој би го подобрил функционирањето на мозокот.

Сепак, одредени намирници кои се застапени во секојдневната исхрана влијаат негативно на мозокот, што се однесува до меморијата, расположението и ризикот од настанување на деменција.

Слатки пијалаци

Пијалаците во кои има голема количина шеќери – како овошните и газираните сокови и енергетските пијалаци, не само што го зголемуваат ризикот од настанување на дијабетес туку и срцеви заболувања, но исто така и лошо влијаат на мозокот.


Истражувањето покажало дека прекумерното внесување на таквите пијалаци ја зголемува веројатноста од развој на дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест. Покрај тоа високото ниво на шеќер во крвта често е поврзано со деменција, па дури и кај лицата кои немаат дијабетес.

Рафинирани јаглехидрати

На мозокот му се потребни јаглехидрати како извор на енергија и без нив неговата функција слабее и доаѓа до тешкотии со концентрацијата. Меѓутоа, кога во поголема количина се јадат рафинирани јаглехидрати, како што се шеќери и преработени житарици како бело брашно, доаѓа до гликемиско оптоварување.


Истражување покажало дека храната со висок гликемиски индекс ја нарушува функцијата на мозокот.

Транс-масти

„Ниту децата, ниту возрасните не треба да јадат ништо што содржи транс-масти, ниту хидрогенизирани ниту делумно хидрогенизирани“, објаснила диетичарката Нанет Камерон.

„Сепак, тие се наоѓаат во многу намирници за кои се верува дека се добри за децата“.


Станува збор за незаситени масти кои имаат негативен ефект, меѓу нив е и зголемениот ризик од настанување Алцхајмер, лоша меморија, опаѓање на когнитивните функции и помал волумен на мозокот.

Преработена храна

Намирниците како што се чипс, инстант-нудли, пуканки од микробранова печка, сосови и готови јадења, се полни со шеќери, масти и соли и се висококалорични.


Сето тоа доведува до формирање на висцерални маснотии, а студијата во која учествувале 243 лица покажала дека оваа маст е поврзана со оштетување на мозочните ткива.

Алкохол

Кога се консумира умерено, алкохолот може да биде пријатен додаток на оброкот, но прекумерното внесување на алкохолни пијалаци е закана по организмот.


Хроничната употреба на алкохол доведува до намалување на мозокот, метаболистички промени и нарушување на невротрансмитерите, супстанции кои мозокот ги користи за комуникација .

Исто така алкохоличарите имаат недостаток на витамин Б1 што може да доведе до повеќе нарушувања во организмот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг