Во Монако ги тријат рацете по одлуката на Килијан Мабпе да остане во ПСЖ. Пред четири години Монако го продаде на ПСЖ за 145 милиони евра, а во договорот ставија клаузула според која, Монако, ќе добие 25 отсто од следниот трансфер или 35 милиони евра доколку го продолжи договорот со францускиот шампион.
Мбапе летово можеше да го напушти ПСЖ како слободен играч, доколку тоа се случеше Монако немаше да добие ниту цент. Сепак, тој го продолжи договорот и ги израдува навивачите на ПСЖ, но и неговиот поранешен клуб.