Како вистинска принцеза! Алесандра Амбросио го 'украде' вниманието на црвениот тепих - се појави во необична балска креација

Точка

21/05/2022

16:15

15.537

Големина на фонт

а а а

Најочекуваниот филмски фестивал штотуку започна, а некои ѕвезди веќе воодушевија со своите изданија.

Една од нив е манекенката Алесандра Амбросио, која го украде целото внимание за време на прикажувањето на филмот „Armageddon Time“.

Атрактивната Бразилка прошета на црвениот тепих во необичен балски фустан со сребрени детали и не можеше да остане незабележана.

41-годишната девојка се одлучила за креацијата на францускиот моден дизајнер Стефан Ролан, која се состои од проѕирен горен дел составен од три парчиња ткаенина со светки кои ги покриваат нејзините гради и стомак, додека долниот дел има обемно здолниште кое ја прави да изгледа како вистинска принцеза.


Својата елеганција ја надополнила со долги свилени ракавици во соодветна боја и дискретно сребрено ланче и обетки.

Косата ја собрала во пунџа, а убавината ја истакнала со природна палета на шминка.


Поранешниот ангел на Викторија Сикрет овојпат пристигна во Кан без нејзиното момче Ричард Ли, кој инаку будно ја следи на сите настани.

Сепак, била одлично расположена, што дополнително го зголемило воодушевувањето на нејзината публика кога се појавила на црвениот тепих.




Спонзорирани линкови

Маркетинг