Се 'шушка' дека се заљубиле: Која е убавата адвокатка на Џони Деп која стана ѕвезда на судењето?

Точка

19/05/2022

11:00

10.433

Големина на фонт

а а а

Селебрити судењето на векот, помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, доби неочекувана ѕвезда - убавата адвокатка на славниот актер.

Нејзиното име е Камил Васкез. Изминатите пет недели е ѕвезда на Интернет, а фановите на славниот актер ја обожаваат поради нејзиниот жесток настап на суд.


Камил Васкез 'убива' со прашања, а Амбер Херд во неколку наврати ја извадила од такт. Таа е остра, директна и фокусирана, а екипата на Интернет пишува дека одамна не виделе некој толку многу да се бори за својот клиент и за правда.

Убавата Камил го привлекла вниманието со својот изглед, но и со неколку нежни прегратки со својот клиент, Џони Деп. Поради тоа многумина се сомневаат дека Деп и Васкез станале блиски и се заљубиле за време на судењето.

„Немам коментар на тоа“, им рекла Васкез на новинарите и додала дека за случајот ќе зборува по пресудата.

Која е таа?

Камил Васкез е адвокатка во фирмата „Brown Rudnick“. Според нејзината биографија на нивната веб страница, таа е соработничка од округот Оринџ, Калифорнија, која работи во нивното друшттво за судски спорови и арбитража.


„Нејзината сегашна практика се фокусира на тужби за клевета од страна на тужителите, со дополнително искуство во договорни спорови, деловни деликти и тужби поврзани со вработување“, стои во биографијата.


Пред да стане дел од „Brown Rudnick“, таа работела за национална компанија со седиште во Лос Анџелес. Камил потекнува од Колумбија.