[ФОТО] Алан од „Два и пол мажи“ денес изгледа како целосно друг човек: Повеќе не сака да има никаква соработка со Чарли Шин, за тоа постои добра причина

Точка

21/07/2025

22:32

3.899

Големина на фонт

а а а

Тој е единствениот член од актерската екипа којшто се појавува во секоја од вкупно 262 епизоди, а во еден момент во текот на снимањето неговиот изглед почнал да се менува.

Џон Крајер, американски актер, продуцент, сценарист и режисер, во светската јавност е најпознат по улогата на Алан Харпер во серијата „Два и пол мажи“.

Се појавува во сите 12 сезони од популарниот ситком, којшто се снимал од 2003 до 2015 година, а за таа улога освоил и две „Еми“ награди. Освен тоа, тој е единствениот член од актерската екипа којшто се појавува во секоја епизода.


По епизода заработувал околу 550 илјади долари и денес неговото богатство се проценува на околу 70 милиони долари.

Уште во 2013 година, додека ја снимал серијата почнал да ја губи косата, а за потребите на снимањето тоа му го „санирале“ на разни начини, од спрејови во боја до перики. Последните години, откако снимањето завршило, тој целосно ја прифатил својата ќелавост.

По „Два и пол мажи“, тој остварил улога и во серијата „NCIS“ во која го толкувал ликот на доктор Кирил Тафт, а во неколку серии се глумел и самиот себе.


Минатата година се појавиле гласини за повторно снимање на серијата „Два и пол мажи“ со оригиналната актерка екипа, но Крајер рекол дека повеќе не сака да соработува со Чарли Шин којшто ја толкуваше улогата на неговиот постар брат Чарли Харпер.

„Во времето кога ја снимавме серијата, Чарли беше најплатениот телевизиски актер. Сепак, успеа да го упропасти тоа, што ве тера да размислите. Го сакам, му посакувам сѐ најдобро, но не би можел повеќе да соработувам со него“, изјавил актерот во шоуто „The View“.

Шин во 2011 година беше принуден да ја напушти серијата поради чудни испади во јавноста и навреда на продуцентите на серијата, откако се пријавил на одвикнување од дрога и алкохол. Во серијата го замени Ештон Качер.


„Чарли сега е многу подобро, што е прекрасно. Тој и јас не зборувавме неколку години, но мило ми е што е подобро“, изјавил Крајер.

Тој открил и дека тој и Шин имале прекрасен однос на почетокот на снимањето на серијата, но работите се искомплицирале кога тој почнал да се дрогира.

Што се однесува до неговиот приватен живот, актерот од 2007 година е во брак со новинарката Лисон Џојнер со која ја имаат ќерката Дејзи, додека пак со поранешната сопруга Сара Тригер го има и синот Чарли Аустин.