[ФОТО] Поранешниот на Шакира повеќе не ја крие новата девојка: Пике јавно објави романтични фотографии со својата избраничка

Точка

22/07/2025

08:42

2.268

Големина на фонт

а а а

По турбулентните моменти во приватниот живот и раскинувањето со пејачката Шакира, Жерар Пике споделил романтични моменти со Клара на социјалната мрежа Инстаграм.

Фудбалерот и долгогодишен капитен на Барселона, Жерар Пике, очигледно е дека ужива во љубовта со Клара Чиа.

Имено, тие направиле нов чекор којшто открива во кој правец оди нивната љубовна приказна.


Без официјална објава, но со јасен гест, ја оставиле на страна дискрецијата која до сега го красела нивниот однос и одлучиле со светот да го споделат новото поглавје на нивната врска.

По турбулентните моменти во приватниот живот и раскинувањето од колумбиската пејачка Шакира, шпанскиот дефанзивец споделил романтичен момент со Клара на социјалната мрежа Инстаграм.


На фотографиите кои неодамна ги споделил, Пике се гледа како поминува опуштени моменти со својата нова избраничка. Фотографиите кои биле објавени привлекле големо внимание, а неговите фанови се среќни кога ќе чујат дека и Пике е среќен.

Тие споделиле среќни моменти од патувањето во Аризона на кое друштво им правеле блиски пријатели, а првпат после долго време споделиле заеднички моменти во јавноста официјално.


Фотографиите кои ги објавил фудбалерот го прикажуваат парот како ужива во некои од најпознатите пејзажи на американскиот југозапад.

Од пешачење низ Големиот кањон до капење во езерото Кањон, Клара и Жерар делуваат опуштено, среќно и многу блиски. Со насмевки на лицето и јасни знаци на среќа, Жерар Пике потврдува дека љубовта навистина може да го смени животот.