Се огласи таткото на исчезнатиот Матеј, откако утрово oд Дунав беше извлечено тело на помлад маж: „Тешко ми е, но со вистината морам да се соочам...“

Точка

18/05/2022

12:30

9.204

Големина на фонт

а а а

„Очекувавме посреќна информација, но така е како што е“, изјавил таткото на Матеј Периш за српски „Телеграф“.

Таткото на Матеј Периш, Ненад Периш, за српски „Телеграф“ потврдил дека српската полиција го известила за тоа дека во Дунав кај Ада Хуја е пронајдено тело на момче кое по описот и гардеробата одговара на неговиот син.

„Мора да се направи ДНК, но по облеката пронајдено е момче кое одговара на Матеј. Ете, тоа е тоа што можам да ви го кажам, немам засега ништо друго. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина е вистина и со неа мора да се соочам јас, но и моето семејство. Тоа е така, натаму не можам ништо друго да кажам. Многу ми е тешко. Ќе дојдам во Белград“, изјавил Ненад Периш.


Како што дознава српски „Телеграф“, за точно да се дознае дали станува збор за Матеј Периш, ДНК-та од пронајденото момче ќе се спореди со ДНК-та на Ненад Периш, таткото на младиот сплиќанец.

Да ве потсетиме, телото на младото момче морнарите го извлекле утрово во 9 часот и 30 минути.

Момчето на себе имало фармерки, маица со апликација и една бела патика. На терен се и форензичарите.


„Тело на непознато момче утрово во 9 часот и 30 минути е воочено во Дунав кај Ада Хуја, потврди Танјуг во МУП, а станува збор за тело на непозната машка личност, додека пак увидот е во тек. Дополнително ќе се утврди идентитетот на личноста, а медиумите пренесуваат дека можеби станува збор за сплиќанецот Матеј Периш“, соопштиле од МУП.

Да ве потсетиме, Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30-ти и 31-ви декември кога ги напуштил своите пријатели во белградскиот клуб „Готик“. Оттогаш неговото исчезнување стана мистерија за сите.


Таткото на исчезнатото момче помина два месеци во Белград, надевајќи се постојано дека неговиот син ќе биде пронајден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг