Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека во случај на војна меѓу Русија и Европа, нема да има победници. Тој го критикуваше Западот за ситуацијата во Либија и ги истакна потешкотиите на ЕУ во постигнувањето на стратешки пораз на Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека ако има војна меѓу Русија и Европа, нема да има победници.
Путин им рече на новинарите по самитот Русија-Африка дека лидерите на Европската Унија досега не успеале да постигнат стратешки пораз на Русија и дека е малку веројатно дека ќе успеат во тоа до 2030 година, пренесува РИА Новости.
„Ако работите отидат предалеку, воопшто нема да има победници. Никој нека не го заборави тоа“, рече Путин, според Танјуг.
Третиот самит Русија-Африка, како и економскиот и хуманитарен форум во рамките на тој собир, се одржаа во Москва на 28 и 29 октомври.
Путин остро го обвини Западот: Ја уништивте Либија
Рускиот претседател Владимир Путин директно ги обвини западните земји за „уништување на либиската државност
“ и рече дека Русија ќе направи сè за да придонесе за конечно решавање на внатрешниот конфликт во Либија и развојот на нејзината економија.








