„Веќе потрошив се, жал ми е“: На Јапонец на кого по грешка му биле уплатени 357.000 долари ги прокоцкал парите и побегнал

Точка

17/05/2022

20:50

12.163

Големина на фонт

а а а

24-годишниот Јапонец, на кого по грешка на сметката му биле уплатени 46,3 милиони јени, ги потрошил сите пари коцкајќи се он-лајн.

Парите кои му биле уплатени по грешка дошле во рамките на програмата за помош за ублажување на последиците од ковид, а биле наменети за 463 луѓе.

Иако првобитно рекол дека ќе соработува со службениците во исправање на грешката вредна 357.000 долари, изгледа дека побегнал. Градот Абу на југот на јапонската префектура Јамагучи поднел тужба против мажот, пишува "BBC".


Неговиот адвокат сега открил и дека неговиот клиент ги прокоцкал сите пари на сајтови со он-лајн казино.

Грешката се случила кога се исплаќале пари за 463 домаќинства со ниски примања, од кои секое требало да добие по 100.000 јени, односно 770 долари помош за да се ублажат тешкотии поради пандемијата.

Меѓутоа, на 8-ми април сите пари биле уплатени на само една сметка во банка.


Истрагата покажала дека Јапонецот од тогаш секој ден земал по 600.000 јани.

Кога властите ја откриле грешката и го контактирале, рекол дека повеќе нема пари.


„Веќе ги потрошив парите. Не може да бидат вратени. Нема да бегам, ќе платам за својата грешка“, рекол тогаш Јапонецот. Сега изгледа дека го променил мислењето, бидејќи надлежните не можат да го пронајдат.

Неговиот адвокат рекол дека неговиот клиент соработувал со властите и прифатил да разговара со локалната полиција, но откако бил обвинет на 12-ти мај, никој не успеал да го контактира.