(Видео) Страотна сообраќајна несреќа кај Нови Сад - возачот загинал, повредените се македонски државјани

Точка

14/05/2022

21:08

5.557

Големина на фонт

а а а

Еден маж загина, а две жени и две деца се повредени во страотна сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Белград - Нови Сад.

Како што пренесуваат српските медиуми, загинатиот е хрватскиот државјанин М.А. (1966), кој управувал „Пежо“ со македонски регистарски таблички. Повредените жени и деца се државјани на Македонија.

Портпаролката на Брза помош во Нови Сад, д-р Николина Мариќ изјави дека еден постар маж го загубил животот на лице место, додека една постара жена е пренесена и во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ) во Нови Сад на реанимација.

„Медицинските екипи можеа само да констатираат смрт на постар маж кој починал на лице место додека една повозрасна жена е пренесена во несвест во Ургентниот центар на Клиничкиот центар Војводина на реанимација заедно со уште една 32-годишна жена која била свесна. Во сообраќајката се повредени 7-годишно девојче и 10-годишно момче кои се пренесени во Новосадскиот Завод за здравствена заштита на деца и младинци за понатамошна дијагностика“, вели Мариќ.

Сообраќајната несреќа се случила околу 11:50 часот во близина на клучката Ковиљ кога Пежото се судрило со друг автомобил.

Пежото е уништено. Автомобилот излетал од автопатот во ливада, а наоколу останале расфрлани предмети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг