"Ferrari" го стави Џастин Бибер на црната листа

Точка

14/05/2022

18:33

35.221

Големина на фонт

а а а

Славниот канадски пејач Џастин Бибер се најде на црната листа на "Ferrari".

"Ferrari" го додаде Џастин Бибер на неславната листа на луѓе кои повеќе никогаш нема да можат да купат нов автомобил од оваа компанија. Пејачот е познат по своите ексклузивни суперавтомобили, а меѓу нив се "Ferrari LaFerrari", "Fisker Karma", "Ferrari 458 Italia" и други.

Меѓутоа, поп ѕвездата направила грешка која за "Ferrari" е непростлива. Во суштина, Бибер не ги следел јасните правила, односно не го почитувал етичкиот кодекс на кој инсистираат од компанијата од Маранело, така што забраната е конечна.


Пејачот купил "Ferrari 458 Italia" и го префарбал во "Electric Blue" сина боја, а таа работа за него ја завршила екипата од "West Coast Customs". Исто така, поставил широк "body kit" од "Liberty Walk", а неговата најголема грешка е што го исфарбал и логото на "Ferrari" на својот автомобил.

"Ferrari" му дава до знаење на секој купувач "да не си игра" со автомобилот, односно не дозволува модификации на моторот, никакви модификации на каросеријата, а за лакирање на автомобилот потребна е посебна дозвола.


Уште една грешка на Бибер е што своето сино "Ferrari" го продал во 2017-та година на аукција и тоа по помалку од една година по купувањето, што компанијата од Маранело исто така не дозволува.

За среќа по Бибер, ништо не го спречува да купи "Ferrari" модели од други сопственици

На црната листа на "Ferrari" се наоѓа и Ким Кардашиан како и актерот Николас Кејџ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг