Вака изгледала Евровизија во 1956 година: Пронајдена загубена снимка од натпреварот

Точка

14/05/2022

09:45

7.249

Големина на фонт

а а а

Изборот за песна на Евровизија првпат бил одржан во 1956 година. Оттогаш до денес овој музички фестивал го задржал континуитетот и како натпревар кој најдолго се емитувал на телевизија, а влегол во Гинисовата книга на рекорди.

Евровизија е специфична по тоа што од првото организирање до денес секогаш се емитувала на телевизија и се снимала. Сепак, снимките од две Евровизии денес не постојат.

Првата загубена Евровизија

Првиот натпревар за песна на Евровизија се одржал во 1956 година во Лугано во Швајцарија. Тоа било време кога мал број Европјани имале телевизори, а истата се пренесувала преку радио. Сепак, иако имало телевизиски сигнал, била снимена и емитувана за оние малубројни луѓе кои имале ТВ-приемници.

Оваа снимка денес е загубена. Се претпоставува дека до тоа дошло затоа што Песната за Евровизија била примарно снимена за радио. Аудиоснимката од натпреварот „преживеала“.

Дури една деценија подоцна се појавила снимка од првото изведување на победничката песна која ја снимил фотографот Винчензо Викари и ова засега е единствeната пронајдена копија.

Втора загубена Евровизија

Загубена е и 9-та Евровизија кога била одржана во 1964 година во Копенхаген во Данска, иако од целосно други причини.

Тоа било првпат натпреварот да се организира во една нордиска земја. Учествувале 16 земји, а дебитирала Португалија. За првпат победила Италија, а натпреварувањето било познато по тоа што и Југославија била на него, првпат имала 0 поени. Претставник бил Сабахудин Курт со песната „Животот направил круг“.

Како дошло до снимката да биде загубена? Снимката постоела, но настрадала во пожар во зградата на данскиот емитер во текот на 70-те години.

Ниту еден друг емитер не ја снимил целата програма. Единствена „преживеана“ снимка се делови од поединечни песни, повторно победничката песна, како и аудио-снимки од натпреварот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг