Куче преземало грижа за јагне кое било отфрлено од неговата мајка: Нивниот однос допрел многумина

Точка

13/05/2022

17:51

11.214

Големина на фонт

а а а

Кучето кое ја преземало грижата за јагнето кое било отфрлено од својата мајка, ги растопило срцата на луѓето, докажувајќи дека семејството и љубовта не познаваат вид и големина.

Оливија Ејкерс е сопственичка на кучето Макс. Макс на прв поглед се заљубил во јагнето Бо, кое мајката почнало да го отфрла кратко откако го донела на свет.

„Неразделни се“, напишала Ејкерс покрај видеото во кое Бо и Макс спијат еден до друг и заедно трчаат.

Бо брзо ги примил особините на куче, вклучувајќи чешање зад уво, како што прави и Макс. А кога пораснала, се вратила во стадото, но и натаму секојдневно си игра со Макс.

„Ќе се сакаат и ќе си играат до крајот на животот“, вели Оливија чие видео станало вирално и допрело многумина.

„Многу се слатки“, коментирала една личност.

@oliviajaneakers Reply to @2crazymuppets Max and Beau forever 🥰......#maxandbeau #oddcouples #bestfriends#sheep #lamb #ram #ewe #babysheep #babydollsheep #oldeenglishbabydoll #thedodo #dodo #baby #babyanimals #animals #cute #cuteanimals #picoftheday #animalsofig #minisheep #miniaturesheep #farm #farmlife #farmanimals #farmher #homestead #minifarm #farmstead ♬ original sound - Olivia Jane Akers



Спонзорирани линкови

Маркетинг