Извозот од ТИРЗ над 1 милијарда евра во првите четири месеци од годинава

Макфакс

13/05/2022

11:50

2.492

Големина на фонт

а а а

Во првите четири месеци од годинава извозот од Технолошко индустриските развојни зони достигна 1.1 милијарда евра и е највисок споредено со истиот период во изминативе четири години, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата.

Само во однос на 2021 растот е за 4%, во однос на пандемиската 2020 за 74%, додека споредено со истиот период во 2019 и 2018 година извозот е зголемен за 19% односно за 51%. Инаку извозот само во април е приближно на исто ниво како во март, додека увозот е зголемен за 5% споредено со претходниот месец годинава. Вкупниот увоз во првите четири месеци од годинава достигнал речиси 1 милијарда евра што е за 75% повеќе од 2020 година, односно за 13% повеќе од 2019 и 55% повеќе од 2018. Анализата во април покажува и зголемен увоз од речиси 2% наспроти извозот што се должи на складирање залихи кај компаниите. Вкупниот нето извоз заклучно со април е над 10%.

Анализата покажува и дека околу 70% од компаниите имаат пораст во извозот во април годинава во однос на април 2021 година.

Раст од речиси 4% има и кај бројот на вработени во април годинава споредено со истиот период лани. Во зоните во моментов работат над 14.500 наши сограѓани.

Исто така првичната годишна анализа за 2021 година покажа дека просечната плата во технолошко – индустриските развојни зони за првпат е над државниот просек и тоа за 3%, што се должи и на зголемениот број на вработени кој во 2021 година е за 5% повисок од 2020. Се очекува ваквиот тренд да продолжи и годинава со реализација на новите странски инвестиции во Зоните.