Тие најчесто доживуваат 100 години: Луѓето родени во овој месец убедливо живеат најдолго, а еве и зошто

Точка

11/05/2022

14:33

12.138

Големина на фонт

а а а

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго ги споредиле податоците на лицата родени помеѓу 1880 и 1895 година кои живееле 100 години и кои ги надживеале своите браќа и сестри или сопружници.

Студијата покажала дека е поголема веројатноста луѓето кои се родени во октомври да доживеат 100 години отколку оние родени во април.

Исто така е откриено дека луѓето родени во септември и ноември исто така имаат поголеми шанси да живеат долг живот.

Во месеците март, мај и јули се родени за 40 отсто помалку 100-годишници за разлика од останатите месеци. Друга студија која била направена на луѓе родени на северната хемисфера открила дека бебињата родени наесен живеат подолго од бебињата родени напролет.


Зошто е поголема веројатноста лицата кои се родени во октомври да доживеат 100 години?

Зад ова истражување стојат неколку теории. Една идеја е дека овие бебиња биле помалку изложени на одредени сезонски болести бидејќи избегнале екстремно високи летни, како и ниски зимски температури, вели Несочи Океке-Игбокве, лекар и здравствен експерт.

„Можеби раѓањето во октомври донекаде создало заштитен ефект против изложеност на сезонски болести кои на крајот можат да влијаат на нечија долговечност“, вели Игбокве.

Сепак истражувачите не се сосема сигурни во причините и сè уште го истражуваат овој феномен. Велат дека луѓето родени во октомври живеат 160 дена подолго од оние родени напролет, а тоа е затоа што добивале оптимална количина на сончева светлина во текот на бременоста и раниот развој.


Што влијае на тоа колку долго живеете?

Постојат многу други фактори на животната средина кои влијаат на 100-годишниот статус. Навиките во исхраната, нивото на физичка активност и избегнување на токсичните навики како пушење цигари се само некои од работите кои сигурно можат да придонесат за долговечноста.

„Во суштина постојат низа фактори кои влијаат на долговечноста, но и помали или поголеми фактори поради кои постои веројатност дека некој ќе доживее 100 години живот“, вели Игбокве.



Спонзорирани линкови

Маркетинг