Ријана ги помести сопствените граници: Прошетала полугола со трудничкото стомаче - луѓето во неверување!

Точка

10/05/2022

10:33

15.488

Големина на фонт

а а а

Пејачката Ријана е во поодмината бременост, а со нејзината објава дека ќе добие дете, светот доби и нов моден тренд.

Имено, во текот на целата нејзина бременост имавме прилика да видиме како стомакот ѝ расте, бидејќи упорно се трудеше да му го покаже на цел свет.


Ријана речиси на секој настан се појавуваше со гол стомак, а светот се подели по ова прашање. Еден дел тврди дека Ријана постави нови модни стандарди и дека допринесе за тоа трудниците да имаат поголема слобода и да бидат поопуштени по прашање на своето тело и неверојатните промени кои му се случуваат.


„Се надевам дека успеавме да го редефинираме она што досега се сметаше за 'пристојна' трудница. Во моето тело моментално се случуваат неверојатни промени и нема да се срамам поради тоа. Овој период треба да биде славење. Зошто би ја криела мојата бременост? Кога дознав дека сум бремена, си помислив: 'Нема шанси да купам било што од продавница за трудници'. Жал ми е, премногу е забавно да се облекуваш. Нема да дозволам тој сегмент да исчезне, бидејќи моето тело се менува“, рекла Ријана неодамна за „Vogue“.


Сепак, постои и голем број на луѓе кои нејзините аутфити и голиот стомак ги сметаат, во најмала рака за дегутантни.

Нејзината комбинација за која се одлучила во неделата навечер, кога со своето момче АСАП Роки отишла на вечера во луксузен ресторан во Санта Моника, го крена светот на нозе и го разгори конфликтот помеѓу двете страни.


Убавата 34-годишна трудница се појавила во комплет од проѕирна, сребрена мрежа, под кој носела светло сина сатенска долна облека. Аутфитот го надополнила со сива бунда, сребрени сандали со ремени, сива чанта и чокер од светкави циркони.

Изгледа дека Ријана (можеби) малку претерала со оваа комбинација и дека ваквиот комплет е многу дискутабилен дури и кога го носи најубавата жена на светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг