Истражување: Возачите не толерираат чекање на зелено светло и стануваат нервозни по само 3 секунди

Точка

26/04/2022

13:33

36.559

Големина на фонт

а а а

Возачите кои не тргнуваат во рок од 3 секунди откако на семафорот ќе се вклучи зелено светло, ги нервираат оние кои чекаат зад нив, покажуваат резултатите од една анкета спроведена во Велика Британија.

Истражувањето на британската организација за помош на патиштата (RAC) спроведена на 2.498 возачи во Велика Британија покажува дека 46 отсто од возачите сметаат дека не треба да поминат повеќе од 3 секунди од вклучување на зеленото светло на семафорот до движење на возилата.

Околу 17 отсто од испитаниците рекле дека често не успеваат да поминат на зелено светло поради тие пред нив кои не реагираат навремено. Околу три четвртини (64 отсто) велат дека морале да чекаат и по повеќе од 10 секунди на зелено светло.


Се покажало дека бавноста во движењето повеќе ги нервира мажите отколку жените (50 отсто во споредба со 41 отсто). Околу една третина (35 отсто) од испитаниците рекле дека не можат да поднесат ако некому му требаат помеѓу 4 и 6 секунди, а 7 отсто од анкетираните биле многу опуштени по ова прашање и рекле дека можат да чекаат онолку колку што треба.

Портпаролот на „RAC“, Сајмон Вилијамс, вели дека чекањето повеќе од 3 секунди „може да изгледа како вечност кога се обидувате да поминете на семафор“, особено затоа што на некои семафори зеленото светло трае само 15 секунди.

„Чекањето сериозно го намалува бројот на возила што можат да поминат пред да се вклучи црвеното светло, што создава сообраќаен метеж и може да го зголеми загадувањето на воздухот“, додава тој.


„Освен што го продолжува времето на возење, тоа може да влијае и на безбедноста во сообраќајот, особено кога возачите нагло тргнуваат бидејќи доцна забележале промена на светлото, поради што не ги ни проверуваат ретровизорите за да се уверат дека можат да тргнат“, предупредува Вилијамс.