Крај на една ера - "Panini" по 50 години ги укинува албумите со сликички за фудбалери

Точка

06/04/2022

15:33

10.909

Големина на фонт

а а а

Фудбалските првенства повеќе нема да бидат исти, барем не за навивачите, бидејќи компанијата "Panini" повеќе нема да продава албуми со сликички за фудбалери. Албумите со сликички ќе бидат укинати пред Европското првенство во Германија во 2024-та година.

Првиот албум со сликички за фудбалери бил пуштен во продажба пред Светското првенство во Италија во 1970-та година, а на почетокот сликичките во албумите се лепеле со лепак.


Од тогаш албумот на "Panini" стекнал култен статус, и во многу земји ширум светот, пред големите првенства се разменуваат сликички, и тоа во рамки на поголеми собири. Во Скопје со години оваа традиција се одржува во Градскиот парк.


Рекорден број на продадени сликички "Panini" остварил во 2006-та година, кога било организирано светското првенство во Германија, и тогаш биле продадени 800 милиони сликички.


Албуми со сликички можеби сепак ќе има, но таа работа ќе ја преземе американскиот концерн "Tops", кој ги откупил правата за тој турнир, како и за Лигата на Нации и Европското првенство за жени во 2025-та година.